Отец Љупче Миланов е роден на 28. 06. 1981 г. во Велес. Основно
образование завршил во Гевгелија, а средно образование во Македонската
православна богословија „Св. Климет Охридски” во Драчево. На 12. 02. 2006
година, кога се празнува споменот на Светите Три Светители е ракоположен во
ѓаконски чин, а на 14. 02. 2006 г. кога се празнува споменот на Светиот маченик
Трифун е ракоположен во свештенички чин од страна на тогашниот администратор
Повардарски и Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. На 01. 06. 2006 година
е поставен на својата прва парохиска служба во с. Стојаково. На 01. 01. 2007
година од Митрополитот Повардарски г. Агатангел е поставен на парохиска служба
во Валандово, каде на 01. 07. 2008г. е поставен и за старешина на храмот Свети
великомаченик Димитриј Мироточив.
|